Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во местото Немила кај Зеница.
Како што потврди за Klix.ba, портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон Самир Валентиќ, несреќата се случила утрово во 5 часот и 10 минути.
Во несреќата учествувале автобус со унгарски регистерски таблички и товарно моторно возило камион. Загинал К.М.(37) од Какањ, изјави Валентиќ.
Како што додаде, истрагата на ова место се уште е во тек и затоа сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поради наведените околности, на оваа делница настана сообраќаен метеж.