Канскиот фестивал е во полн ек, а синоќешната премиера на филмот „Емилија Перез“ собра огромен број холивудски ѕвезди и познати убавици.
Така славната манекенка Наташа Поли синоќа го красеше црвениот тепих, појавувајќи се во скандалозно издание кое не можеше да помине незабележано.
Имено, оваа 38-годишна девојка избра неверојатно оскудна креација, која секако бараше самодоверба и храброст, но и подготвеност да ја следат љубопитните очи цела вечер. Но, познатата Русинка е навикната да биде во центарот на вниманието.
Наташа облече асиметрична креација направена од црн, проѕирен тул, под која се гледаше секси боди од корсет, кое малку остави на фантазијата. Бодито имаше толку мал долен дел, што интимната зона на убавата Наташа беше речиси целосно откриена, додека на задната страна е украсена со танга која откриваше и голем дел од задникот.
Атрактивната Русинка знаеше дека овој фустан ќе предизвика мешаница, па остатокот од нејзиното издание беше прилично минималистички.