Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер попладнево го зафати поширокиот кумановски регион. Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град.
Од Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово информираат дека е пријавена штета на кров од викендица во Младо Нагоричане и уништени се родни дрвца, во липковско има пријави на штети на земјоделски површини.
Во урбаните средини во Куманово поради големата количина на дожд и недостиг на атмосфера канализација водата се слева по улиците.
На улицата „11 Октомври” пријавена е поплава на дворно место во чија близина има трафостаница за што е информирана ЕВН, соопштија од РЦУК-Куманово.
Невремето силно ја зафати и Србија – град со големиона на јајце паѓаше во Ужице!