Нов земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала се случил една минута по 7 часот денеска југозападно од Крит.
Поточно и според проценката на Геодинамичкиот институт во Атина, потресот е регистриран во морската област на 59 километри југозападно од Палеохора, Ханија, со фокусна длабочина лоцирана на 17,2 километри.
Според надлежните, иако вибрациите особено се почувствувале во префектурата Ханија, засега не е забележана штета.
Се потсетува дека земјотрес од 4,2 степени според Рихтеровата скала се случил и во саботата попладне во истото подрачје.
Според сеизмологот и директор за истражување на Геодинамичкиот институт на Атинската опсерваторија, Герасимос Чулијарас, кој зборуваше за радио СКАИ, тие ја следат сеизмичката активност за да видат дали тоа е главниот земјотрес.
Земјотресот, како што рече, е окарактеризиран како релативно плиток, но важна е неговата фокусна длабочина и фактот што се случил во подводно подрачје, бидејќи во спротивно ќе бил позабележителен.