На плажата Лос Абригос на јужниот брег на Тенерифе, маж нападнал еден од туристите кој, според очевидци, претходно се обидел да му го украде паричникот.
Запрепастените посетители на плажата гледаа како двајцата мажи се претепуваат.
Нападот е снимен и објавен на социјалните мрежи.
Се претпоставува дека напаѓачот е 30-годишен Холанѓанец, а жртвата е 48-годишен Австралиец.
„Да имаше железна прачка или дрвен стап, ќе го убиеше“, рекол еден од сведоците.
Во обид да избега, нападнатиот паднал и се тркалал по карпите. И покрај сѐ, напаѓачот продолжува да го напаѓа удирајќи го без престан. За да му побегне на напаѓачот, нападнатиот брза во океанот, но брановите го носат назад до нозете на напаѓачот, кој продолжува да го тепа по глава.
Родителите чии деца пливале во морето пред да започне конфликтот брзо ги грабнале децата, пишува DailyMail. Некои деца дури и плачеле поради вознемирувачката сцена.
Интервенирала и полицијата која го уапсила напаѓачот кој изјавил дека законот го презел во свои раце. Според извештаите на локалните медиуми, напаѓачот ќе биде подложен на психијатриска евалуација.