Станува збор за службеници на Дирекцијата за координација на полициските органи на БиХ.
Полицајците Един Раница и Шабан Топовчиќ спасиле постара жена од давење во близина на хотелот „Аминес Калани“ во Макарска. Ласија Заремба е по потекло од Украина.
Ласија им се заблагодари на Раница и Топовчиќ, бидејќи како што вели, се уште има добри луѓе кои доаѓаат да помогнат.
Един Раница рече дека ниту еден момент не размислувал, туку постапил хумано, онака како што треба, да им помогне на сите кои имаат потреба, особено затоа што тоа го налага неговата работа.
Тој додаде дека сите треба да бидат внимателни, особено постарите и децата.