Со голема тага и неверување ја примивме веста за смртта на проф.д-р Александар Трендафилов, редовен професор до своето пензионирање на Шумарски факултет на катедра за ерозија и геодезија -земјиште и вода, соопштија од ЈП Национални шуми.
Проф.д-р Александар Трендафилов почина на 69 годишна возраст, на 01. 09. 2024 година. Роден 19.12.1955 година во Ново Село Струмица, го завршил Шумарскиот факултет во Скопје, каде во 1996 година и докторирал.
Од 1995-1999 бил Помошник министер во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Бил претседател на Управниот одбор на ЈП Национални шуми од 2002-2006 година. Од 2011-2013 година бил Декан на Шумарски факултет -Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј.