Пожарот кој речиси цел ден му се закануваше на Кочани, веќе го зафати градот. Според информациите што ги добни „360 степени“ огнот веќе зафатил куќи во неколку населби. Жителите се во паника. Се обидуваат да ги спасат своите имоти.

Градоначалникот Николчо Илиев за „360 степени“ изјави дека голема опаснот за градот има од три страни. Огнот се гасне со пет противпожарни возила со колку и располагаат, а едно возило изгорело. Илиев вели дека помош не добиваат зашто има повеќе пожари во регионот.

„Веќе се зафатени повеќе куќи, во непосредна близина има борова шума која е зафатена, се шири во неопределен правец, на каде ќе дувне верет. Едно возило од противпожарната единица ни го зафати огнот. Во регионов во секое населено место има пожари, не може никој да ни излезе во пресрет, состојбата е очајна. Разговарав со ЦУК повеќе пати, ги молев да ни дадат еден хеликоптер. Нема и нема. Не знам што ќе ни дасде ноќта“, вели Илиев.

Илиев вели дека единствено командантот на штипската касарна му ветил помош и очекува армијата да се вклучи во ганењето.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

Граѓаните ги напуштаат куќите

Пожарот кај Кочани се распламте и пламените јазици стигнаа до градот. Според првичните информации горат куќи во самиот град.

Ситуацијата во градот е сериозна и се бара помош од сите страни, а пожарникарите со часови се борат да го стават пожарот под контрола, но силниот ветар го разнесува на сите страни.