Стјуардеса, мајка на три деца од Италија, загинала пред очите на шокирани патници додека се качувале на летот од Калабрија за Рим.
Стјуардесата Габриела Каиро (57), која тој ден била „обичен“ патник, се пожалила дека не се чувствувала добро додека чекала ред на влезната врата.
Сепак, таа не побарала лекарска помош, сакала што поскоро да се врати дома кај сопругот и децата, пишува Daily Mail.
Сите патници биле симнати додека медицинските лица се упатиле кон авионот. Се обиделе да ја оживеат, но напорите им биле залудни. Трагедијата се случила на аеродромот Реџо Калабрија, југоисточно од Неапол, Италија.
Летот 1156 на ИТА Ервејс за Рим Фиумичино бил одложен, а причината за смртта на Габриела Каиро се уште не е откриена.