Младо момче од Босна и Херцеговина се удави во понеделникот на Велика плажа во црногорскиот приморски град Улцињ. Како што јавуваат босанските медиуми, станува збор за Мемсуд Бешлиќ (28) од градот Високо, потврдија неколкумина негови пријатели за порталот „Аваз“.

Овој трагичен настан длабоко ги потресе неговите сограѓани кои се уште се во шок и неверување. Бешлиќ важеше за примерен и образован млад човек.

Компанијата „Транспорт Хајдаревиќ“, каде што бил вработен како возач на камион, со тага ја дочекала веста за неговата смрт и од таму изјавиле дека бил посветен и вреден работник.

Инаку, Мемсуд живеел со своето семејство во населбата Б. Махала во Високо, а неодамна се верил со својата девојка и планирал наскоро да се ожени со неа. Но, судбината тешко си поигра со плановите на овој млад човек, кои за жал не се остварија.

Трагедијата се случила во понеделникот на 2-ри август, кога силни струи и немирното море го зедоа младиот живот. И покрај брзата интервенција на спасувачите на плажата и брзата помош, за жал, младиот Мемсуд не успеа да се спаси.

Пријателите се простуваат од младото момче

Роднини, пријатели, колеги, соученици го преплавија Фејсбук со болни статуси и споделија фотографии додека тагуваат во очај за момчето кои се удави вчера на Велика плажа во Улцињ.

Овој трагичен настан длабоко го потресе Високо и неговите граѓани кои е уште се во шок и неверување.

📷

📷

📷