Хасена Омеровиќ (24) од Добој и Марио Вукичевиќ (33) од босанското село Руданка одлучија својата шестмесечна врска да ја крунисаат со размена на венчални прстени. Меѓутоа, младоженецот издржува седумгодишна затворска казна за грабеж, поради што венчавката се одржала на необична локација, пишува „Аваз“.
Имено, бракот се случил во ресторанот на деловната единица „Спреча“ во рамките на Казнено поправниот дом, кој младоженецот го изградил со своите колеги кои исто така издржуваат казната во КПУ Добој, пишува Независне новине.
– Се роди идејата дека бидејќи јас сум веќе тука, да побарам од Управата да ми одобри свадбата да ја имам токму тука. Многу сум им благодарен за тоа. Како прво, јас сум им благодарен што ми дозволија да користам вакви погодности, за време на кои ја запознав невестата, за толку кратко време се заљубив во неа и одлучив да го направам овој чекор, за што таа се согласи, рече Марио и додаде дека му останале уште две години казна.
Невестата блескаше во сребрен, блескав фустан и вели дека нема да и биде тешко да го чека ослободувањето на сопругот.
-Многу сум среќна, имајќи предвид дека Марио веќе користи бенефиции надвор од затворот, не ни е толку тешко да го издржиме овој краток период додека не заврши целосно неговата казна. Имам и јас можност да го посетам, но досега чекав, па кога сакаш некого, не ти е тешко да чекаш, изјави Хасена.
Нејзината свекрва пролеа солзи и не беше подготвена да разговара со медиумите, но затоа нејзиниот свекор беше похрабар.
– Не очекував вака, но ни го подготвија и така испадна, па моравме да се вклопиме како што им одговара. Со ова, тој ќе ги прекине сите овие проблеми што ги имаше порано, и треба веќе да се ожени, време е му е, рече Драган Вукичевиќ, таткото на Марио.
Ова беше трета венчавка во КПУ, но прва надвор од sидовите на објектот на оваа институција, која се наоѓа во центарот на Добој.
На венчавката присуствуваше и Драган Славуjица, помошник директор на безбедносната служба. Тој посочи дека ова не е обичен брак, туку нешто посебно го одликува овој свечен чин.
– Она што е во граѓанското, тука е, класичен чин на брак, мала закуска, со фактот дека нема да има алкохол. И секако бројот на гости е мал. Навистина немаме толку простор за сместување на сите оние гости што би ги имале кога тој би бил на слобода, објасни Славуjица.
Матичарката Славица Лазаревиќ рече дека ова било необично искуство и за неа.
– Искуството е невообичаено, ова ми е првпат на вакво место, но мислам дека тоа е многу убава работа за невестата и младоженецот, вели Лазаревиќ.