Аргентинецот Лионел Меси постигна договор за преселба во францускиот ПСЖ, објави францускиот спортски весник Л’Екип на својата веб -страница во вторникот, додавајќи дека неговото доаѓање во Париз се очекува во следните неколку часа.
И познатиот спортски новинар Фабрицио Романо потврди дека Меси во вторник попладне доаѓа во Париз за да го финализира трансферот.
Според Метро, Аргентинецот ќе го носи бројот 30 во ПСЖ. Л’Екип наведува дека Меси и ПСЖ постигнале договор и дека напаѓачот ќе потпише двегодишен договор со опција за уште една.
Во дресот на Париз, Меси треба да заработува околу 40 милиони евра годишно, што е неверојатни 769.000 евра неделно.