Скопје попладнево го зафати силен ветер, кој на моменти имаше голема сила. Иако се уште не заврнало дожд, или како што најавија метеоролизите дури и град, главниот град на Македонија е повремено под налети на силен ветер.
„Скопско Ехо“ сними паднато дрво во општина Карпош. Станува збор за големо дрво, кое паднало кон коловоз, но според информациите на Скопско ехо за среќа нема настрадани. Инцидентот се случил на улицата Крапошово востание.
Бидете внимателни, особено каде што има стари дрва, суви гранки, зашто тоа претставува сериозна опасност во вакви услови.