На 12.08.2021 во 18.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје” од слобода бил лишен Г.П.(60) од Република Србија.
Истиот е уапсен бидејќи при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа во оперативна евиденција со мерка „апси”, по барање на Интерпол.
Г.П. бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.