СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

СКОПСКА СРЕДНОШКОЛКА ЧИЈА МАЈКА ГО СПОДЕЛИ НАПИШАНОТО: Да се ставам во ризик или пак само јас да бидам online и да се чувствувам отфрлено?

Денес 999 новозаразени, а се носи одлука за наставата да се одвива со физичко присуство? Дали ова е нормално? Се разбира надлежните забораваат дека има лица со хронични болести. Дозволено им е на таквите лица да следат оnline, но во една паралелка можеби има само еден таков ученик и што да прави тоа дете, да се чувствува различно од другите? Јас лично живеам и се борам со дијабетот веќе 10 години, но никогаш не сум се почувствувала поразлична од моите другари и соученици. Но, сега, што треба јас да направам? Да се ставам во ризик со 35 деца во мојот клас или пак да седам само јас дома online и да се чувствувам отфрлено?

Ако прифатам (само заради моето здравје) да следам настава од дома, веднаш ќе се најде некој ќе каже: ,,Еве ја, ја користи нејзината состојба за да ги избегне тестовите и испрашувањата”. Јас 10 години сум дијабетичар и верувајте, никогаш не сум ја злоупотребила оваа состојба, напротив и ЈАС САКАМ ДА ОДАМ ВО УЧИЛИШТЕ и да ги надградувам моите знаења. Бев ученик на генерација во основно и секоја година учам се понапорно и понапорно, но не ќе можам да издржам некој да шири дезинформации за мене.

Верувајте ми, премногу се плашам од вирусов. Кај мене една обична настинка трае многу подолго и многу потешко ми поминува, на мала рана и треба подолго време да зарасне, а НЕ САКАМ НИТУ ДА ЗАМИСЛАМ што ќе биде со короната… Моите родители цела година ме чуваа како во стаклено ѕвоно. Се имам видено само со неколку другарки на отворено и со нив почнав да излегувам од мај, откако со сигурност знаев дека нивните родители се вакцинирани и дека многу е мала шансата нешто да ми пренесат…

Ниту јас, ниту моите родители сме биле на свадба или било каква прослава. И јас, како и сите мои врсници, сакам да одам во училиште, но кој мене ми гарантира дека навистина сите ќе носат маски и дека ќе има дистанца? Сите знаеме дека има одделенија со 34 – 35 ученици, плус училниците се мали. Каде ќе има ДИСТАНЦА?

Мислам дека ќе биде коректно барем до ноември да има online настава за СИТЕ, барем додека да помине овој 4ти бран, во кој за жал најмногу страдаат младите.