На 20.08,2021 година околу 20,00 часот, на улицата „.Даме Груев“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.К.(43) и Р.Т.(47), двајцата од Охрид. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(31) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „наси лство“. Тој, на 02.08.2021 година, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид со патнички автомобил „Пежо“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркиран автомобил „Шевролет Каптива“, сопственост на Д.Т.(47) од Охрид и физички го нап аднал, му се заканувал со остар предмет, а агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејства и се обидел физички да ги нап адне.