Денес е тажен ден на нашата хемофилија фамилија. Нашиот мал јунак Матеј замина кај ангелите по 23-дневна борба за живот по сообраќајната несреќа на 14-ти септември, објавија од Здружението на хемофиличари на Македонија.
– Милото дете имаше само 16 години животот беше пред него, стана стана средношколец без никакви оштетувања на зглобовите, често и ретко меѓу хемофиличарите беше гостин на телевизија и радио зборуваше за проблемите со кои храбро се бореше.
Никогаш нема да те заборавиме ❤️ болката е преголема за твоите родители и сестра но и за сите нас што те знаеме од бебе🖤 Од денес една звезда е повеќе на небото и ќе свети посилно за сите нас⭐️ Почивај во мир јунаку наш🙏❤️🖤💙, стои во потресната објава.

Како се случи несреќата?
Од семејството на 16- годишното момче од Идризово за Канал 5 потврдија дека тој им подлегнал на повредите , здобиени на 14 септември , кога со мотоцикл се забил во џипот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.
Сообраќајката се случила на 14 септември во село Марино во општина Илинден, помегу патничко возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.36 години од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.25 години од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“
Извршен е увид од увидна екипа од Свр Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопштија тогаш од МВР.

