🇲🇰🇲🇰🇲🇰 СИТЕ МАТЕМАТИКИ – КАКО МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДО ПЛАСМАН НА СВЕТСКО, ДИРЕКТНО ИЛИ ПРЕКУ БАРАЖ 👇👇👇
МАКЕДОНИЈА ВО МОМЕНТОВ Е ЛИДЕР во групата “Ј” но до крајот на квалификациите Македонија има уште 2 натпревари, додека главните конкуренти за првото и второто место, Белгија и Велс – УШТЕ 3.
👉Тоа значи дека освен победа на Македонија во понеделник против Казахстан, потребна ќе ни биде и ПОБЕДА НА ВЕЛС ПРОТИВ БЕЛГИЈА, за да можеме сами да одлучуваме за својата судбина.
👉 Односно, со победи против Казахстан и Велс, ние би завршиле на првата позиција и би се пласирале на СП.
👉 Во останатите математики, при евентуално реми на Велс и Белгија, Македонија со победи против Казахстан и Велс би имала исто бодови со Белгија (под претпоставка дека Белгија ќе го совлада Казахстан – што е многу реално) во тој случај би се гледала гол разликата, но Белгијците и сега имаат подобра гол разлика, а во последното коло дополнително ќе ја на набилдаат со Лихтенштајн и ќе бидат пред нас.
👉 Доколку Белгија слави против Казахстан, речиси сигурно тие ќе бидат на првото место во квалификациската група, а Македонија ќе биде во ПОЛ-ПОЗИЦИЈА за второто место кое носи бараж.
МАКЕДОНИЈА И КАКО ТРЕТА – РЕЧИСИ СИГУРНО ЌЕ ИГРА БАРАЖ ЗА СП
Важно е да се напомене дека дури и Македонија да не заврши на второто место, МНОГУ ВЕРОЈАТНО ЌЕ ИГРА БАРАЖ ЗА СП – поради тоа што ЈА ОСВОИ ГРУПАТА во Лигата на нации.
👉 Единствена разлика во тоа дали би играле Бараж за СП преку ЛН или како втори во групата е нашето место во шеширот при ждребот за баражот.
👉 Доколку играме бараж за СП преку ЛН – тогаш ќе бидеме во ПОТ4 и ќе играме против селекција од ПОТ 1 (според проекциите многу веројатно ИТАЛИЈА или ТУРЦИЈА).
👉 Доколку играме бараж за СП како второпласирани во квалификациската група – ќе играме против селекции од ПОТ 2, кои РЕЛАТИВНО БИ БИЛЕ ПОЛЕСНИ.
👉 И ВО ДВАТА СЛУЧАЕВИ – МАКЕДОНИЈА ПРВИОТ МЕЧ ОД БАРАЖОТ ЌЕ ГО ИГРА НА ГОСТИ – А ЗА „ФИНАЛЕТО“ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЖДРЕБКА .
👉 Потсетуваме, Македонија веќе играше ваков бараж, кога ја совлада Италија во гости, а загуби од Португалија во „финалето“ – во меч кој беше вреден пласман на СП. За да нема нејаснотии баражот е составен од ЧЕТИРИ ЕКИПИ, односно од „полуфинални“ и „финален“ натпревар.

