Вчеравечер српскиот пејач Аца Лукас настапил во локалот Рома во Кавадарци, каде што среде настапот бил уапсен.
Како што дознава Канал 5, причината за тоа бил најпрвин локалот, регистриран како кафетерија, кој воопшто немал дозвола за ваков вид настани.
Уште полошо е тоа што максималниот капацитет на гости е 200, а во моментот во локалот „Рома“ имало 500 гости. Инспекторите на УЈП, ДПИ , Инспекторатот за работа на странци и МВР утврдиле повеќе пропусти.

-Се продавале ваучери за 18.000 денари без фискални сметки
– Влезниците се продавале незаконски од по 1.000 денари
– Аца Лукас имал нерегистриран престој во Македонија и непријавен краткотраен работен ангажман

– Самиот локал немал дозвола за ваков тип музички настани
– Вчеравечер требало да се промовира новата криптовалута Лукаскоин.
Според документацијата до која дојде Канал 5 јасно е дека кафетеријата „Рома“ немала никаква дозвола за организирање на настапот на српскиот пејач Аца Лукас.
Канал 5 се обиде да го контактира сопственикот на „Рома“, но засега безуспешно. Неофицијално, овој случај потсетува на кочански „пулс“ каде што пред осум месеци се одржа концерт во нерегистриран објект и за жал последиците беа трагични.
Инаку, спрските медиуми апсењето на Аца Лукас го нарекуваат за скандалозно, а неговиот менаџер Саша Мирковиќ се огласи на социјалните мрежи со осуда.





