Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убавина возраста и општествените етикети прерасна и возраста на жената прерасна во расправија меѓу Маја Поцевска и Златко Андоновски.

Кулминацијата се случи кога водителката Снеже Велков прочита прашање во контекст на тоа дали жената, кога ќе добие внука, го губи правото да биде убава. По прочитаното прашање, Златко Андоновски дофрли: „Мислиш Баба “, што предизвика остра реакција од Поцевска.

Таа објасни дека е горда што е баба на својата внука, но нагласи дека тој термин се однесува исклучиво на нејзината улога во семејството. „За мојата внука сум баба, но за сите останати сум Маја“, истакна таа, додавајќи дека зборот не смее да се користи како етикета што ја поништува жената, нејзината убавина и идентитет.

Поцевска посочи дека се уште е млада по години и дека нема партнер, но дека тоа не значи дека е остарена или дека треба да ѝ се одземе правото да се чувствува и да биде убава.

Расправијата отвори поширока дебата – дали зборот „баба“ во јавниот говор сè почесто се користи со навредлива конотација и дали возраста автоматски ја брише вредноста на жената?