Пејачките Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ повторно го привлекоа вниманието на јавноста, овојпат со фотографија од нивниот одмор на Бали.

Двете пејачки позирале заедно под водопад, каде што уживаат во егзотичната дестинација. Марија веќе извесно време престојува на Бали, а неодамна ѝ се придружила и нејзината долгогодишна пријателка Јована.

Најголемо внимание привлече тоа што Пајиќ позирала во топлес, додека Шерифовиќ носела бикини, па фотографијата брзо стана тема на коментари на социјалните мрежи.

Во описот на објавата, Марија кратко порача: „Небото ги сака трпеливите“, со што дополнително ја заинтригира публиката.

Покрај нив, на авантурата им се придружила и блиска пријателка, а судејќи по објавите, пејачките максимално уживаат далеку од очите на јавноста.