Искрено за бракот и за предизвиците што ги носи, прозборе фолк-пејачката Елена Велевска.

Таа гостуваше во емисијата „Старс ТВ шоу“, каде во искрен разговор го сподели своето мислење за бракот и одлуките што секоја жена треба да ги донесе пред да заплови во брачните води.

Според Елена, бракот не е само формалност, туку сериозна одговорност која бара длабоко преиспитување.

​„Многу е битно дали можеш ти да се носиш со тоа што го нуди и што го прави половината со којашто влегуваш во брак. Пред да стапи во брак, секоја жена треба да се преиспита дали останатата половина може да го поднесе и да живее со тој човек до крајот на животот, за последиците да не се фатални“, изјави Велевска во емисијата.

Пејачката која е разведена и е мајка на три деца стави посебен акцент на родителството и меѓусебната поддршка. Таа смета дека е клучно да се процени дали партнерот е подготвен за обврските што ги носи семејството.

​​„Пред да стапи во брак, секоја жена треба да се преиспита дали останатата половина може да го поднесе и да живее со тој човек до крајот на животот, за последиците да не се фатални. Многу е битно дали можеш ти да се носиш со тоа што го нуди и што го прави половината со којашто влегуваш во брак. Треба да се преиспиташ дали сакаш деца со тој човек, дали е тој способен да се грижи за тие деца и да го носи целиот тој товар. Дали знае да сподели, бидејќи бракот не е само за еден, туку да гледаш за сите да е убаво. И пред сè, многу е важно разбирањето на професиите на двајцата партнери“, рече Велевска.