За името на Жарко Грозданоски, со пребарување на социјалните мрежи, се добиваат информации и дека тој е автор на книгата „Одмазда“, која е објавена на македонски јазик во 2024 година.
Во описот на книгата се вели дека станува збор за трилер за правдата, предавството и темнините на човековото срце.
На фејсбук-профилот на „Христијанско братство“ може да се види дека ова не е негова единствена книга. Пред една година ја промовирал неговата трета книга „Конверзија“, а во јануари лани и второто дело „Крвавиот камен“.

Во февруари 2022 година, пак, има објавено видео како со други членови на организацијата дава заклетва пред владиката Агатангел.
Како што е веќе познато, Грозданоски вчера беше уапсен откако претходно во МВР било пријавено дека на улицата „Нада Филева“ во Охрид, во неговиот дом, без знаци на живот е пронајден К.М. (76).

Уапсениот е вработен како анестезиолошки техничар од универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, во одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување.


