Фудбалската јавност вечерва е во целосен шок по вонредната одлука на УЕФА, со која се поништуваат резултатите на селекциите на Данска и Чешка во квалификацискиот циклус за Светското првенство.
Според официјалното соопштение, дисциплинската комисија утврдила сериозни нерегуларности во натпреварите на двете репрезентации, вклучувајќи:
– користење на нерегистриран играч во составот на Данска,
– недозволена комуникација со ВАР-собата за време на натпревар и
-сомнителни финансиски трансакции поврзани со судиски одлуки во корист на Чешка.
Поради тоа, двете селекции се дисквалификувани од натпреварувањето, а нивните резултати се поништени.
Оваа одлука директно влијае на пласманот во групата, каде што Фудбалска репрезентација на Македонија, и покрај поразот од 4:0 од Данска, добива нова шанса и според пресметките се искачува на првото место.
Со тоа, Македонија официјално обезбедува пласман на Светското првенство, штое историски успех.
Од Фудбалска федерација на Македонија засега нема официјална реакција, но извори блиски до федерацијата велат дека веќе се подготвува свечен пречек за репрезентативците во Скопје.
АПРИЛИЛИЛИЛИЛИ Среќен 1-ви април! 🎭
Ништо од ова не е вистина – Македонија, за жал, навистина ги загуби шансите за пласман, Чешка се пласираше на Мундијалот по победата над Данска на пенали.
Ама барем за момент – убаво звучеше, нели?

