Денеска се случи тешка несреќа на Јужниот булевар на Врачар во Белград, во која тешко е повредена 40-годишна жена.
Според медиумите, жена паднала од прозорецот на третиот кат од зградата и се здобила со повреди опасни по живот.
Екипата за итна помош веднаш дошла на местото на настанот во Врачар, каде што констатирала сериозни повреди и ја транспортирала жената во Ургентниот центар за реанимација.
При падот, жената, според првичните информации, ги повредила сите екстремитети, има отворени скршеници на двете раце и двете нозе, како и скршеница на ‘рбетот.
– Страшна глетка. Слушнав нешто како пукна и истрчав надвор. Кога ја видов, ми ае заледи крвта. Жената лежеше неподвижна, имаше крв насекаде, од устата, од ушите… Ужасно, мислев дека е мртва, но брзата помош виде дека покажува знаци на живот. Се обидоа да ѝ пружат прва помош. Ја однесоа во болница – рече сосед кој случајно се нашол на лице место.

