Вчера на 48 годишна возраст ненадејно почина познатиот музичар Мустафа Сејфулов, каде што живееше последните години во Виена, Австрија со своето семејство.

Тој е роден на 26 јануари 1978 година во Кавадарци, потекнува од музичка фамилија – негов дедо е Муто Сејфулов, познат свирач и кларинетист, татко му Рамадан Сејфулов е музичар, а и неговиот брат Веби Сејфулов исто така се занимава со музика.

Мустафа Сејфулов беше пејач во групата „Кавадарка“, која повторно беше формирана во 2000-тите години. Во текот на својата кариера бил дел од старата група „Кавадарка“ во 90-тите години како тапанар. Настапуваше со повеќе познати македонски пејачи и групи.

Неговата последна снимена песна е „Големи маки тегневме“, заедно со Фазли Сејфулов и Александар Ѓорчевиќ.

Веста за неговата смрт ја соопштија неговите роднини и пријатели, кои со емотивни пораки се простија од него на социјалните мрежи.