Три лица се убиени, а две се ранети во пукање во близина на израелскиот конзулат во Истанбул, јавуваат турските медиуми, пренесува Sky News.

Според турските телевизии NTV и CNN Türk, убиените биле напаѓачи кои биле застрелани од турските безбедносни сили, додека двајца ранети се полицајци.

Конзулатот се наоѓа во истанбулската населба Бешикташ. Засега не е јасно дали самиот конзулат бил директна цел на нападот.

Објектот е затворен најмалку две години и најверојатно таму нема персонал. Извори за Reuters потврдиле дека во Турција моментално нема израелски дипломати – ниту во Истанбул ниту во Анкара.

Видео-снимки покажуваат полицаец кој вади пиштол и се крие додека се слушаат истрели, а една личност е видена облеана во крв.

Во областа инаку има силно полициско обезбедување, а по инцидентот се распоредени дополнителни вооружени сили. Турскиот министер за правда соопштил дека е отворена истрага.