Боре Видевски, еден од четворицата осудени на доживотна затворска казна за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е хоспитализиран, дознава Инфомакс.

Според информациите, Видевски бил хоспитализиран синоќа на клиниката за Нефрологија и се наоѓа во критична состојба.

Инаку, за утре е закажана јавна седница по жалбата на одбраната за доживотните затворски казни кои ги донесе Кривичниот суд, но истата најверојатно ќе биде одложена поради хоспитализирањето и критичната состојба на Видевски.

Видевски на судењето негираше вина на обвинението за директно учество во здружување, грабнување и убиство.

Боре Видевски

Вања и Панче беа грабнати и убиени во ноември 2023 година, а за тоа Кривичниот суд ги осуди Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, додека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој беше меѓу обвинетите, доби ослободителна пресуда.