Вистинска драма се одвива вечерва во скопската населба Аеродром, откако двајца разбојници вооружени со огнено оружје упаднале во казино во трговскиот центар „Скопјанка“ и извршиле грабеж.

Според информациите објавени од Слободен печат, напаѓачите по грабежот избегале кон кејот на Вардар, по што полицијата започнала интензивна потера низ улиците во населбата.

Во тек е обид за нивно опкружување, додека целиот реон е под силно полициско присуство.

Целата населба е под полициска опсада.