Сосем случајно, видов дека пред неколку недели, на 5 април му е родниот ден на Јонче Христовски. Спомнување, одбележување… нула!
Па вака, ако спрема некој човек, неговото творештво, значење и “legacy”, сме како држава нефер – тоа е сигурно, Јонче!
Сега да направиме анкета: кој ги напишал „Македонско девојче“ и „Ој, Вардаре македонски“, 90% луѓе ќе ви речат – тоа се народни песни!!!
А, тие песни ги знаат 90% жители на Балкан, и по нив сме најпрепознатливи!
А , Едно име имаме“, а „Ај засвирете ми чалгии“?!
А, „Ако умрам ил’ загинам“!!!
Да не живеете во заблуда – Јонче е најголем македонски композитор и текстописец на сите времиња, и еден од најголемите на Балканот!
Време е… неправдата да се исправи, и сите да го дознаат тоа!
Статус на Бобан Милошески (Авалон Продукција)

