-Ништо не чувствував, а ми кажаа дека имам рак на двете дојки. Заминав на клиника во Љубљана, не размислував многу, му кажав на лекарот да ги отстрани двете дојки. Веќе бев реализирана, имав две ќерки, сопруг…
Тоа се случи кога имав 38 години, после тоа не мислев на болеста, мислам само на позитивни работи, раскажа во постаро интервју фолк дивата Виолета Томовска.
Првата дама на македонската народна музика, неодамна наполни 81 години. Зад себе има кариера долга 66 години, и иако е во пензија, се уште воодушевува со својот бисерен глас на разни настани.
-Многу е битна поддршката од семејството, а мене, мојот Франц и семејството, многу ме поддржаа. Тој се плашеше за мене, а пред мене отиде, раскажа Томовска, која со помош на антиканцер здружението „Животна искра“ им помага на жени, мажи и деца заболени од најсмртоносната болест на денешнината.

