Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 13 часот на автопатот Шабац–Рума во Србија, при што животот го загубија четири лица, додека едно лице е во критична состојба.
Според информациите, во несреќата учествувале две возила – „голф“ и „форд“. Се сомнева дека возачот на „форд“ се движел во спротивна насока со голема брзина од околу 130 km/h и директно удрил во другото возило.
Во „голфот“ се наоѓале лица кои патувале кон Словенија, но нивното патување завршило трагично. Три лица загинале на лице место, додека четвртото починало подоцна во болница.
Единствениот преживеан, 22-годишен млад човек, е тешко повреден и лекарите се борат за неговиот живот.
Според неофицијални информации, дел од жртвите користеле услуга за превоз, што дополнително ја прави трагедијата уште посложена.
Надлежните органи вршат увид за утврдување на точните причини за несреќата.

