Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот во близината на границата меѓу Србија и Хрватска, кога возач, кој со голема брзина возел во спротивна насока, се судрил со голф кој се движел прописно, јавија српските медиуми.
Според првичните информации, четири лица загинале во директниот судир.
Непосредно пред несреќата, во сообраќајните групи на социјалните мрежи се појавиле предупредувања дека темно синиот „Форд“ вози со 130 километри на час во спротивна насока кај градот Рума.
Веднаш потоа, во групите веќе биле објавени фотографии од местото на страотната несреќа.
Сообраќајот на автопатот беше во целосен прекин попладнево, а на местото се и неколку пожарникарски возила, како и бројни полицајци.




