Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 22 часот во Обреновац, кога автомобил излетал од патот и удрил во киоск.
Инцидентот се случил на аголот меѓу улиците Немањина и Равногорска, каде возилото директно се забило во објектот.
Според првичните, неофицијални информации, во моментот на ударот во киоскот се наоѓала вработена, која се здобила со тешки повреди.
На местото на несреќата интервенирале надлежните служби, а повредената жена е пренесена на лекување. Засега не се познати дополнителни детали за причините за несреќата.
Истрагата за случајот е во тек.





