Вистинска драма се случила денеска за време на првомајски пикник во Кошутњак, Белград, откако деца при игра пронашле напуштен ранец.
Според информациите, децата го однеле ранецот кај своите родители, кои првично се обиделе да го пронајдат сопственикот за да го вратат. Откако не успеале во тоа, го однеле ранецот дома за да проверат дали има некаков документ или траг.
Но, кога го отвориле, доживеале вистински шок – внатре имало пиштол со избришан сериски број, муниција, но и дрога.
Вознемирени од откритието, родителите веднаш ја известиле полицијата, која излегла на терен и го презела ранецот.
За случајот е отворена истрага, а постапката ја води Второто основно јавно обвинителство во Белград.

