Во тек е снимањето на новата емисија на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а присутните медиуми се изненадија кога видоа во каква состојба дојде еден член на жирито.
Имено, Вики Миљковиќ излезе од автомобилот без грам шминка и сите ги изненади со ноншалантниот став.
Вики влезе во студиото, а потоа се појави пред фоторепортерите комплетно нашминкана.
Популарната пејачка за оваа пригода избрала комплет на „Мона“, надополнет со синџири во пределот на стомакот.