Васил Гарванлиев својот приватен живот го чува како змија нозете, но понекогаш знае да ги изненади своите обожаватели со детали од неговиот живот.
Освен дека е од Струмица и дека долги живеел надвор од Македонија, пејачот кој оваа година ја претставуваше Македонија на Евровизија откри и дека има брат, кој се вика Тино.
Тино не можеме често да го видиме на профилите на социјалните мрежи на Васил, но затоа неодамна тој сподели неколку фотографии од нивното патување во Грција и откри како изгледа.
„Момчињата ќе бидат момчиња“ – напиша Васил покрај фотографии со Тино, а целата фотографија ја збогати со неколку емотикони, помеѓу кои беа и месечината и сонцето со кои даде до знаење дека иако личат сепак сакаат различни работи, но и дека карактерите им се различни.
📷
📷
📷