Косовската полиција утрово околу 9 часот започна акција во Северна Митровица, а беа употребени шок бомби и солзавец. Наводно, ова е „акција за спречување на криумчарење стока“, а припадници на РОСУ пристигнаа и во Северна Митровица и Звечан. Според последните информации, еден Србин е ранет, а десетина лица се повредени.
Петковиќ: Десетина Срби се повредени
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија објави дека десетина Срби се повредени во денешната акција на косовската полиција.
Среќко Софронијевиќ од Звеќан застрелан во грб
– Среќко Софронијевиќ од Звечан беше ранет денеска откако припадниците на полицијата на лажната држава Косово отвориле оган врз луѓето кои се собрале да го бранат својот град, објавија српските медиуми.
Вучиќ итно отиде во Рашка на средба со Србите од Косово и Метохија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одлучи итно да се сретне со претставниците на српскиот народ на Косово и Метохија, пишува Новости.
Шефот на државата се упати кон Рашка, каде треба да се организира состанок со водачите на српските општини.