Хрватските медиуми објавуваат дека вчера во својот дом, ненадејно починал првиот подофицер на командата на специјалните сили, заменик-офицерот Ален Јанеш Зеко, јавува порталот Обрис, пренесува Индекс.хр.
Роден во 1974 година, Јанеш беше доброволец од Татковинската војна и легенда на специјалните сили, пишува Обрис. Тој бил во баталјонот за специјални операции (подоцна команда на специјалните сили) од самиот почеток.
Во текот на 2015 година, тој стана вршител на должноста подофицер на Командата на специјалните сили, а потоа и првиот подофицер на ЗСС.
Последен пат тој се појави во јавноста на 13 октомври за време на инаугурацијата на новиот командант на ЗСС, бригадирот Иван Милош.
Како што јавуваат медиумите, погребот ќе биде денеска, 16 октомври, на гробиштата во Делнице.