Градоначалникот на српскиот град Зајечар со оваа објава ги загрижи следбениците на социјалните мрежи.

Бошко Ничиќ, градоначалникот на Зајечар преку социјалната мрежа Фејсбук објави дека утрово бил запален автомобилот на неговата сопруга, кој вообичаено го возел тој.

– Вечерва нешто пред 1:30 часот, подмолно, како што обично прават кукавиците, на влезот од зградата во која живеам како потстанар со сопругата, некој го запалил автомобилот на мојата сопруга, кој вообичаено го возам, напишал Ничиќ.

– Им велам, од се срце, нема предавање пред сецесионисти, дилери, криминалци и нереализирани ликови… Вашите дела, вклучително и ова вечерва зборуваат за вас, а моите за мене, порача тој.

📷

📷

📷

📷

📷