СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС
СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!
НАЈНОВА ВЕСТ: Данела во голема предност пред Шилегов, ВМРО-ДПМНЕ води и во Битола и Охрид
Според првичните неофицијални информации, Данела Арсовска има убедлива предност пред актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов. Водството на Арсовска од првиот круг, сега е уште позначително.
Исто така, според првичните информации, ВМРО-ДПМНЕ има водство и во Битола и Охрид и се очекува победа на опозицијата.
Според првичните информации, независниот кандидат за градот Скопје, Данела Арсовска во овој момент има убедливо водство во овие населени места:
Виниче, Смилковци, Ченто, Маџари, Триангла, Раштак, Лисиче, Хром, Стајковци, Инџиково, Кисела Вода и Ѓорче Петров.
Според нашите информации во бројки на пример во Стајковци, Данела Арсовска има 1416 гласа наспроти само 272 за Петре Шилегов.
Раштак:
Арсовска 222,
Шилегов 26
Виниче:
Арсовска: 133
Шилегов: 22
Во Горно Лисиче исто така е евидентна разликата, Данела води со 1504, наспроти Шилегов со само 338 гласа.
Инаку до овој момент на обработени 30% во Скопје Данела Арсовска води во сите скопски општини.
Верувам дека успеавме да го оствариме своето лично право да го дадеме својот глас за каква сакаме да биде иднината на Скопје, во првиот круг водев со 8.000 гласови, а во вториот ќе биде поголема бројката на оние лица, кои ќе ја поддржат визијата за модерно Скопје, истакна денеска независниот кандидат за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, откако го оствари своето право на глас во избирачкото место во општина Ѓорче Петров.
Арсовска потенцира дека изминатиот период наместо натпревар за подобри идеи и визии, била присутна црна кампања, која, како што рече, имала за цел да омаловажи.
-Она што ја одбележа оваа кампања, а и вчерашниот ден за време на молкот е црната кампања и за жал овие избори не се претворија во избори каде што се натпреваруваме за идеи и за визија, туку беа избори каде што се обидуваа да ја омаловажат вредноста на човекот, на личноста, на жената, на некој кој се обиде во оваа трка да понуди поубава слика за нашето Скопје, за иднината која доаѓа.