Жителите на општина Вирје во хрватскиот град Ѓурѓевац се простуваат од 18-годишниот Петар Сочец, кој минатата недела загина во сообраќајна несреќа која се случи на 24 октомври, објавува Индекс.хр.
– Се збогуваме со нашиот ученик и пријател Петар, кого ќе го паметиме по оваа прекрасна насмевка и вечниот оптимизам. Во овој момент најважно е да бидеме утеха и поддршка еден за друг. Почивај во мир, стои во последниот поздрав до Петар од Стручното училиште Ѓурѓевац.
Тој бил сопатник во автомобил кој излетал од патот.
Петар тешко настрада во несреќата што се случи на 24 октомври во Вирје. Тој бил во автомобил со 18-годишен возач и 19-годишен сопатник кога излетале од патот и удриле во метална ограда и во столб од јавно осветлување, по што автомобилот продолжил неконтролирано да ротира.
На крај автомобилот завршил во бетонско куќиште за хидрофор. Возачот бил пијан управувалјќи со „рено“ под дејство на алкохол од 1,29 промили.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸