Извори од СДСМ за Телма велат дека Зоран Заев вечерва нема да си поднесе оставка, туку ќе го чека до сабота исход од гласањето за доверба на Владата. Потоа е дециден дека ќе ја депонира оставката.
Заев бил многу лут на Беса која според него избрзала со потегот и не ја дочекала одлуката на Управниот суд за Желино. Ова е дел од дискусијата на ЦО на СДСМ кој сѐ уште е во тек.
Заев беше дочекан со аплаузи и овации од своите сопартијци.