Голем проблем се појавил на натпреварот меѓу Јордан и Иран во квалификациите за Азискиот куп 2022-ра година за жени. Имено, голмнаката на Иран е обвинета дека е – маж.

Репрезентацијата на Иран се пласирала на Азискиот куп во 2022-ра година, откако по изведувањето на пеналите славела над Јордан, а хероина на овој натпревар била Зохрех Коуадаеи, која се сретнала со обвиненија дека е маж. Поточно, Јорданците тврдат дека таа е всушност маж, велат светските медиуми.

Сепак, ова не е прв пат Зохрех да се сретне со вакви обвиненија, а претходно веќе коментирала слични наводи.

“Мојот единствен грев е што не сум убава”, рекла наводно Зохрех.

Иранските медиуми пренесуваат дека е родена во 1989-та година и дека дефинитивно е жена.

📸

📸

📸

📸