Жена која во продавница на сите им порача дека на долната облека има помалку бактерии отколку на заштитна маска кога се носи цел ден, ја шокираше јавноста, а голем дел останаа и згрозени од нејзината постапка.
Ова видео од Јужна Африка го обиколи светот за кратко време. Средновечна жена во маркет пред вработените и останатите купувачи ја соблекла тангата и ја ставила како заштитна маска, откако влегла да пазари без соодветната заштита.
Откако обезбедувањето и рекло дека мора да го напушти објектот бидејќи не носи маска, се налутила многу и се одлучила на ваков чекор.