За нејзе ќе кажат дека е нумеролог на кој му се верува, нејзините прогнози се обиствинуваат па баш поради тоа најгледаниот естраден магазин Бекстејџ од нејзе реши да помара одговор на прашања кои секој од нас го интересираат. Гордана Гоца Драгишиќ одговори што ја очекува нашата земја, и кога ќе дојдат подобри денови, се гледа ли крај на целава ситуација со пандемијата.
За Тоше Проески вели дека додаде дека генерално 2007-та година за него било многу тешка година, од сите можно аспекти. Вели дека доколку не се случеше таа сообраќајна несреќа, Тоше ќе живеел со многу тешка болест, објавува магазинот „Бекстејџ“.
-Тоше е најголемата ѕвезда не само во Македонија, јас мислам и на Балканот, тој е роден 25.01.1981 година. Во неговата консталација на датумот на раѓање имаме осум, еден, девет, која претставува личност која плени, која има добра душа, има ангел чувар, но таа 2007-ма година бил во една уранска година, година која кинеше се пред себе, и самата 2007-ма година не му била лесна, вели Драгишиќ.
-Да не му се случеше смртта на тој начин, за жал тој секако ќе имал некоја незгода, болест, тешко е да се зборува за бројот седум. бројот Бројот седум во нумерологијата важи за број на смрт, погреб и се она кое е врзано за тие ситуации кои и не се баш позитивни. Навистина ми е жал што ова го говорам, едноставно броевите многу повеќе покажуваат од она кое што ние може да го предвидиме и да сакаме да кажеме дека тоа не е така, за жал тоа е навистина така. Јас во овие кругови сум позната како некој кој работи многу со естрадата, со јавните личности, но работам и со обичниот народ, но позната сум по тоа дека немам влакна на јазикот, она кое што ми е прикажано го говорам како што е, вели таа.