Таа беше доајенот на македонското спикерство. Фантастичен радиофоничен глас, продорни крупни очи, дикција на ниво, шармантна, ненаметлива, умна и со стил.
Со децении владееше (70-те и 80- те години) на тв екраните, односно на тогашната ТВ. Скопје или Македонска радио и телевизија. Водеше најразлични емисии како и централниот Дневник и немаше кој не ја познава, а беше и добро позната во тогашна Југославија.
Снежана Липковска не може да се заборави така лесно. Знаеше како да се носи со славата, и беа отворени сите врати, а таа правеше интересни стории кои се прераскажуваат и денес. Спикерството и беше заштитен знак и од неа учеа генерации.
Денес изгледа исто така убаво како во младоста. Со ведар дух, одличен стил, однесување и харизма. Активна е на полето на пишувањето и реализирањето неколку тв, проекти. Ја напиша и книгата Хотелски стории.
📸
📸
📸
📸