Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која се враќа од Бугарија, вели дека од целата несреќа и тага денеска најтешкиот момент го доживеала во болницата, каде што се сместени единствените седум преживеаните патници од вкупно 52 во автобусот што изгоре изутрина во Бугарија.
Таа во посета на преживеаните била со Државниот обвинител Љубомир Јовески.
– Преживеаните ги затекнавме свесни, но во шок. Се претставивме дека сме од Македонија, пробавме да поразговаравме. Едниот преживеан кажа дека автобусот удрил првин со десната страна во банкината, па потоа во левата. Потоа во секунда избил пожар. Токму тој го скршил стаклото и така се спасиле 7 души, кажува Русковска за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Човекот што го скршил стаклото се спасил, но член од семејството со кого биле во Истанбул, не успеал да излезе. Изгорел.