Според албански извори, во нападот на автобусот кој превезувал ученици од Ѓаковица за Дечани на Косово загинале три лица, а едно е рането и се наоѓа во болница.
Албанските медиуми ги објавија имињата на загинатите. Загинаа возачот Гани Ѓокај и учениците Љ.Х и Г.М.
Селмон Бериша од еККМФ Дечани соопшти дека во трагедијата што се случи пред околу два часа загинаа три лица.
Бериша во директна врска на Т7 рече дека покрај тројцата загинати, едно лице е повредено и, според него, тој е надвор од животна опасност.
– Ранетиот има лесни рани, нема опасност по неговиот живот, изјави Бериша.
Градоначалникот на Дечани Баским Рамосај потврди дека вечерва се убиени три лица откако врз нив било пукано во автобусот во кој се возеле учениците.
– Возачот починал на лице место, додека двајца ученици починале во болница, изјави Рамосај.
Рамосај рече дека автобусот превезувал ученици од Ѓаковица до Дечани.