Иако се уште не се соопштува причината за неговата смрт, на пејачот Аки Рахимивски, кој почина денеска на 66 годишна возраст, пред неколку дена му биле вградени четири стента, потврдил за хрватските медиуми неговиот менаџер Дамир Осредечки.
По процедурата сите се надевале дека ќе биде добро, а пејачот, кој бил опериран на една клиника во Загреб, се вратил во Ново Место во Словенија.
Пејачот и претходно имал здравствени проблеми. Пред неколку години имал мозочен удар, но потоа изјави дека не размислува да се пензионира.
„Најпрво ѝ благодарам на публиката за разбирањето и за тоа што продолжи да ме сака и поддржува. Знам колку им значам на луѓето и пораките за поддршка што ми ги испратија ми значат многу. Покрај публиката, ме поддржува и моето семејство. Тие беа со мене додека бев болен, но и потоа кога реков дека ѝ се враќам на музиката – изјави тогаш пејачот.